26/07/2026
Од денес повторно ги отвораме вратите и продолжуваме со работа.
По големата загуба што ја доживеавме, веруваме дека најубав начин да му оддадеме почит е да ја продолжиме традицијата што тој ја создаваше со години.
Легендата си замина, но неговото дело, неговата љубов кон угостителството и неговиот дух остануваат да живеат преку нас.
Ви благодариме за неизмерната поддршка, сочувството и љубовта што ни ја покажавте во овие тешки денови. Ве очекуваме со истото гостопримство по кое нè препознававте со децении.
Традицијата продолжува.