Семејството е примарна институција и најважен фактор за развој на детето. Во рамките на семејството, детето на најадекватен начин ја остварува потребата за љубов, заштита, сигурност и ги развива потенцијалите под влијание на голема и трајна воспитна моќ.Токму Вие и Вашето дете ќе ги почуствувате вибрациите на семејството на HAPPINESS.
КАФЕ ИГРОТЕКА HAPPINESS е местото каде сите соништа стануваат реалност за најмладите.
Нашата идеја ја претворивме во вистинска приказна за најмладите, приказна која претставува современо уреден простор создаден за секојдневно уживање и детска игра со одбележување на најзначајните детски моменти и кафе бар со пријатен и опуштен амбиент наменет за возрасните.
Уникатно креиран простор замислен со разновидни содржини за најмладите, со високи стандарди за хигиена и безбедност, за прослава на роденден со капацитет од 50 деца;
Делот предвиден за возрасните е конципиран како место за уживање и релаксација со пријатна атмосфера, амбиент во кој ќе уживате со највуксното LAVAZZA кафе.