22/08/2026
🎬 Продолжуваме со ревијата на македонски комедии во The Nest! 🇲🇰
По „Балканкан“, на ред е уште еден филм чии сцени и реплики одамна се дел од македонската поп-култура — „Викенд на мртовци“.
Овојпат повторно се собираме под отворено небо, пред големото платно, за заедно да уживаме во еден од култните македонски филмови. 🎞️🍿
📅 Среда, 26.08
🕣 20:30 часот
📍 The Nest
🎟️ Влезот е бесплатен.
🔞 16+
Прв дојден, прв услужен — без резервации, затоа дојдете порано и фатете си добро место пред платното.
А што да ви кажеме повеќе...
"Ово нема у Београду"