08/05/2026
YES ФЕСТИВАЛ 2026: Претставување на белгиската писателка Хеа Схутерс и промоција на нејзиниот роман „Трофеј“.
🗓️🕗📍15 мај, петок, 20 часот, кафе „Долап“
Разговорот со авторката Хеа Схутерс и со преведувачката на делото Ели Пујовска ќе го водат Лени Фрчкоска и Билјана Црвенковска.
📖
Хеа Схутерс е писателка, сценаристка, авторка на либрета и новинарка. Прво дело ѝ е патописната книга „Девојки, муслимани и мотори“ за едно седуммесечно патување со мотор низ Иран, Централна Азија и Арапскиот Полуостров. Потоа следуваат романите „Копачи“, „Уметноста на паѓањето“и „Без наслов бр. 1“, како и збирката интервјуа насловена „Крај“. Нејзиниот роман „Трофеј“ влегува во потесниот избор за голем број награди меѓу кои и Европската награда за литература, а добитник е на книжевната награда „Сабам“. Со илустраторката Герда Дендовен ја изработуваат „Ништо“, филозофска сликовница и за мали и за големи деца. Со композиторката Анели ван Пари пишува неколку опери, како и други парчиња театарска музика, кои се закитуваат со многубројни награди; нивните дела се изведуваат на места и настани како Виенското биенале, Германската државна опера, Стокхолмската опера, Фламанската опера, Ротердамската опера и многу други. А заедно со Јохана Пас ја преведува Кеј Темпест. Нејзиното авторство се наоѓа токму онаму каде што се сретнуваат експериментирањето со формите и општествената ангажираност.
🌍🇪🇺
Проектот „Планета Надеж (Нова европска проза)“ е кофинансиран од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија и поддржан од Фламанската фондација за литература (Flanders Literature)
#планетанадеж
📷Фотографија: (c) Annelies Van Parys