13/07/2026
Заврши Европското првенство У-20, кое се одржа од 6-12 јули во Скопје.
Нашиот борач и македонски репрезентативец Илија Атанасов издвои победа од 10:0 во квалификациите против Роберт Балинт Ерделји од Унгарија, уште еднаш потврдувајќи дека БК Бучим Радовиш создава борачи подготвени за настап на највисоко европско ниво.
Во текот на првенството покрај него беше Могамед Ибрагимов, тренер и спортски директор на БК Бучим Радовиш, чија поддршка и богато искуство имаат големо значење за развојот на нашите млади борачи.
Горди сме на Илија и на секој негов чекор кон нови успеси.
#БКБучимРадовиш